Поранешниот претседател на општина Сребреница Ќамил Дураковиќ смета дека злоупотребата на Сребреница е навредлива и политички некоректна, одговарајќи на изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој во дипломатскиот спор до Холандија ја обвини оваа земја како одговорна за масакрот во 1995 година.
-Постои друг начин да и се оддаде почест на Сребреница, без разлика на одговорноста и последиците на она што таму се случило. Ако ги земеме предвид сите факти, сите членки на ОН се подеднакво одговорни. Посебно членките на НАТО кои беа учесници во тој период. Мислам дека тоа е показател дека Сребреница навистина станува предмет на политички манипулации во моментите кога таа некому му треба, а кога нам во Сребреница некој ни треба, често тоа се испушта и не доаѓа во соодветното време или го нема никако, изјави Дураковиќ.
Пратеникот во Претставничкиот дом во Парламентарното собрание на БиХ, Садик Ахметовиќ вели дека Сребреница треба да се остави да живее со својата болка, а сите спорови да се решаваат во Брисел.
-Резултатите од глобалните пресметки за малите и немоќни можат да бидат со помали или со поголеми последици. Поради тоа најдобро би било да не остават на мира да живееме со својата болка, за која денес во оваа свита со малку или со скоро никаква правда, никој нема разбирање, вели Ахметовиќ за „Klix.ba“.




