Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Жугиќ до Дурловски: Редовни на протести, нередовни пред законот

1
By Нова ТВ on March 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 16, 2017 14:02

Директорите на најголемите театри во земјава и по неколку години на функција немаат поднесено имотни листови во Антикорупциската комисија. При проверката на базата на податоци утврдивме дека анкетен лист, во кој треба да дадат отчет колку пари и имот поседуваат, немаат поднесено следниве директори.

Дејан Пројковски – директор на „МНТ“

Игор Дурловски – директор на Македонска опера и балет

Роберт Велјановски – директор на „Драмски театар“

Јелена Жугиќ – директор на „Театар комедија“

Васил Зафирчев – уметнички директор на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“

Благој Мицевски – директор на „Народен театар – Битола“

Имотен лист поднеле единствено Братислав Димитров – директорот на „Театар за деца и младинци“ и Атила Клинче, директор на „Турскиот театар“.

Секој функционер, директор, член на Управен одбор во државна институција има законска обврска во рок од 30 дена од стапување на функцијата да поднесете анкетен лист во Антикорупциска. Oвие директори се на функција веќе неколку години, но Антикорупциската комисија за нив нема отворено постапка, ниту пак ги казнила за кршење на Законот за спречување на корупција.

Од Комисијата за НОВА ТВ соопштија дека ќе ја провереле информацијата, па ќе не известеле што ќе преземат.

Законот за спречување на корупцијата е донесен уште во 2002 година и таму јасно пишува:

„Против избрано или именувано лице, како и друго службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, може да се поведе постапка за испитување на имот и имотна состојба, ако лицето не дало анкетен лист“.

Освен испитување на имотната состојба, предвидена е и казна во износ од 500 до 1.000 евра за функционерот кој нема да поднесе задолжителна пријава.

Директори преку ден, навечер патриоти

Игор Дурловски е директор на „Македонската опера и балет“ од ноември 2015 година. Тој во моментов е во први редови на протестите на  „Иницијативата за заедничка Македонија“.

 

„Мојата кариера не зависи од директорската фотеља! Сум имал и се уште имам повеќе ангажмани во странство отколку што можам физички да прифатам. Штутгард, Макао, Москва, Рим, Виена, Лајпциг, Линц, Токио и многу други. Само што откажав ангажман во Палермо, Токио и Осака овој месец за да бидам со моите сограѓани во овие пресудни моменти, а еден мој ангажман во странство е еднаков на две годишни директорски плати. Повелете “пукајте”! Да живее Македонија! П.С.Се гледаме пред влада.“, напиша Дурловски на фејсбук“.

Јелена Жугиќ на чело на „Театар комедија“ е од 2011 година кога беше формирана оваа институција. Таа исто така секогаш е на „браникот на одбрана на татковината“ секогаш протестира ВМРО-ДПМНЕ. Лани еден нејзин фејсбук статус предизвика лавина реакции кога повика да се употребат гумени куршуми против учесниците во „Шарената револуција“. За последните протести повторно се огласи.

„Платформата не ја бива! И точка!!! Македонци дојдете пред влада!!!!!!!!“, пишува директорката.

И Васил Зафирчев, директорот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот, е дел од протестите во неговиот град Велес. Зафирчев преку фејсбук порача:

„ Ако на душегрижниците сеуште не им е јасно зошто секоја вечер, 9 дена по ред, во 26 градови низ земјата околу 100000 граѓани се на улица со поддршка на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”, најважно е дека му е јасно на народот, затоа што ја проѕре подлата намера и ја почувствува опасноста од крајната цел која му се заканува. И затоа нема да им помине. Тоа нека им е јасно како ден“.

Името на Роберт Вељановски, директорот на „Драмски театар“, се појави како едно од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тој тврдеше дека не донирал 60.000 денари на партијата.

Дејан Пројковски е директор на „МНТ“ од октомври 2015 година, но и тој не си ја исполнил својата законска обврска.

анкетен лист Антикорупциска комисија Васил Зафирчев Дејан Пројковски директори Игор Дурловски Јелена Жугиќ Роберт Велјановски театри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.