Дражен Петровиќ загина во тешка автомобилска несреќа на 7 јуни, на автопат на Денкендорф, во близина на Инголштат, Германија.
Тогаш 23-годишната талентирана кошаркарка Хилал Едебал, сега 43-годишна жена, никогаш не закрепнала од најлошите последици на овој несреќен случај: речиси потполно губење на меморијата.
Пред две години „Њујорк Дејли Њуз“ ја објави нејзината приказна. Во интервјуто таа вели дека по несреќата на Петровиќ, таа го изгубила памтењето и тоа токму во истиот момент кога загина Дражен Петровиќ.
„Деталите околу несреќата не ги помнам, но сите информации ги црпам од медиумите и полициските извештаи“, вели Хилал.
Повредите на мозокот кои се појавиле од несреќата се причина за амнезија што продуцира „огромна дупка во меморијата, ментални дефекти и константен неуспех на работа“.
„Зошто Петровиќ, човек со таков статус и богатство, морал да патува од Германија во Загреб со автомобил, наместо со авион? Затоа што јас тогаш морав да ја изгубам кариерата а Дражен животот, додека девојката која возела наскоро да продолжи со својата кошарка и моделирање кариера?
Конечно, дали Дражен помина подобро од мене? Ова се сите прашања кои Турчинката ги поставува, не верувајќи дека сето ова се случило, по само „некаква коинциденција“.