НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Не си играјте со оган, Иванов да ја преиспита својата одлука итно

0
By Нова ТВ on March 21, 2017 ПОЛИТИКА
Johannes Hahn, Member of the EC in charge of Regional Policy
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повикуваме сите да се воздржат од какви било активности и изјави кои би можеле да ги разгорат меѓуетничките тензии кои може да ги поткопаат добрососедските односи. Никој не треба да биде во искушение да си игра со оган, стои во соопштението од ЕК, по последната средба на Јоаханес Хан со Груевски. Хан го повикува престедателот Иванов да ја преиспита својата одлука и тоа итно.

„Ние денеска остваривме средба со претставници на парламентарните партии и кажавме многу јасно дека сите лидери на земјата, вклучувајќи го и претседателот, мора да ги почитуваат резултатите од последните избори. Во една демократија, секој мора да го признае парламентарно мнозинство.

Затоа, го охрабруваме претседателот да ја преиспита својата одлука, итно. Не смее да се губи време. Очекуваме од сите политички лидери и институции да го спроведуваат демократскиот процес и земјата да тргне по својот својот тек, во интерес на граѓаните. Одложувањата во изминатите месеци веќе донесе штети по економијата на државата.

Повикуваме на брзо формирање на новата Влада која ќе биде посветена на спроведувањето на заостанатите реформи. Партиите и новата Влада се очекува да продолжат со спроведувањето на договорот од Пржино.

Особено, ги повикуваме сите да се воздржат од какви било активности и изјави кои би можеле да разгорат меѓуетничките тензии или да ги поткопаат добрососедските односи. Никој не треба да биде во искушение да си игра со оган. Длабоко сме загрижени за тензиите и говорот на омраза. Точно е дека се гарантира слободата на собирање и слободата на изразување кои се основни права во демократските општества, но тие носат и одговорности.

Во исто време, негативната реторика насочена кон меѓународната заедница и граѓанските организации е сосема контрапродуктивно. Тоа ја поткопува позицијата на земјата на меѓународен план, како и нејзиниот кредибилитет, “се вели во соопштението на ЕК, по средбите на Хан кој дојде со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

На заминување  Анонио Милошевски изјави дека се задоволни од средбата со Хан.

„Задоволни сме од средбата со еврокомесарот Јоханес Хан со кој во отворена дискусија расчистивме неколку дилеми. Разговаравме за ризиците, ако некој се обиде на сила да решава национални прашања, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по средбата на Никола Груевски со Јоханес Хан и тројцата европратеници.

ВМРО-ДПМНЕ на Хан му предложиле две можни решенија: Зоран Заев да формира малцинска влада со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ или нови избори.

На прашање што точно разговарале со Хан тој одговори дека еврокомесарот сам ќе одлучи дали ќе даде изјава и ќе каже што разговарале. Груевски воопшто не даде изјава за медиумите, а не дозволи да се снимаат ниту инсерти од средбата.

Милошевски средба Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.