Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за СП 2018: Македонија со три гола до три бода во Вадуц

0
By Нова ТВ on March 25, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 25, 2017 00:04

Зицерот остана зицер, Вадуц не се претвори во „минско поле“. Фудбалската репрезентација на Македонија, очекувано, го совлада Лихтенштан со 3:0 за прва радост во петтиот настап во квалификациите за Светското првенство во Русија, но и прва гостинска по пауза од седум години.

Трите бода ги најави Бобан Николов со евроголот во 43 минута, ги потврди Илија Несторовски во 68 минута и во 73 минута. Напаѓачот на Палермо не успеа да комплетира и хет-трик во 90 минута по промашениот пенал што самиот го изнуди.

Македонија одигра под нивото од претходните четири квалификациски средби што ги загуби, но победи благодарение на квалитативната разлика во однос на домашната селекција. Дефанзивно ориентираниот Лихтенштајн се пробиваше цело полувреме и, конечно, беше пробиен во 43 минута. Николов го дочека на волеј нафрлувањето од Тричковски и биеше неодбранливо за негов првенец во сениорската репрезентација.

Фото: ffm.mk

Несторовски остана без хет-трик во 90 минута

Второто полувреме донесе поголема слобода во играта. Лихтенштајн за нијанса се подотвори и остави многу повеќе простор за македонските репрезентативци одошто беше случај во првиот дел. Ангеловски притоа додаде на офанзивност, свежина и брзина во тимот со внесувањето во игра на Трајковски, на Давид Бабунски и Ѓорѓев како поддршка за Пандев и Несторовски во нападот што резултира со уште два гола во мрежата на Јеле.

Двата ги потпиша Несторовски. Првиот во 68 минута по нафрлување од Пандев, а пет минути подоцна во погодок претвори и отпадок по ударот на Ристовски и одбиената топка од противничкиот голман. Резултатот до крај остана непроменет иако можеше да биде и поубедлив во корист на Македонија. Покрај најстрогата казна што не ја искористи првотимецот на Палермо, во неврат завршија и уште неколку закани кон голот на Лихтенштајн.

Фото: ffm.mk

„Црвено-жолтите“ со 69 отсто посед на топката и 605 пасови од кои 536 беа прецизни

Надмоќта на Македонија се согледува и низ статистичките показатели на натпреварот. Лихтенштајн не упати ниту еден удар во рамки на голот на Столе Димитриевски за разлика од 12. на Македонија. Шест од нив мина крај стативите или над гредата, а исто толку одеа во нивни рамки од кои три отседнаа во мрежата. Избраниците на Игор Ангеловски имаа 69 отсто посед на топката наспротив 31 отсто на домашните играчи.

Македонските репрезентативци проигруваа петпати повеќе од противничките (605 – 172), сооднос што е, отприлика, ист ако се земат во предвид само прецизните додавања (536 – 122). Сето ова во контекст на заслужената победа на „црвено-жолтите“ и разведрување на амбиентот пред пријателската средба во вторник против Белорусија во Скопје.

Лихтенштајн – Македонија 0:3

Полувреме: 0:1. Стадион: „Рејнпарк“ во Вадуц. Гледачи: 3.500. Главен судија: Жонатан Лардо. Асистенти: Лоран Конот и Фредерик Годелан (сите тројца од Белгија). Жолти картони: Гепел, Хаслер (Лихтенштајн); Нестотовски (Македонија). Стрелци: Николов 43′, Несторовски 68′, 73′ за Македонија.

Лихтенштајн: Јеле, Гепел, Малин, Рехстајнер (Волфингер 78′), Марс. Бихел, Бургмеер, Март. Бихел (Селе 83′), Губсер, Хаслер, Салановиќ (Брандл 87′), Фрик. Селектор: Рене Паурич.

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Шиков, Тричковски (Да. Бабунски 78′), Пандев, Ибраими (Трајковски 64′), Ристовски, Велковски, Николов, Спировски (Ѓорѓев 85′), Несторовски. Селектор: Игор Ангеловски.

Квалификации за СП 2018

Резултати, 5 коло

Група Д

Грузија – Србија 1:3

Република Ирска – Велс 0:0

Австрија – Молдавија 2:0

Табела: Србија 11, Република Ирска 11, Велс 7, Австрија 7, Грузија 2, Молдавија 1.

Идно коло (11 јуни): Србија – Велс, Република Ирска – Австрија, Молдавија – Грузија.

Група Г

Лихтенштајн – Македонија 0:3

Шпанија – Израел 4:1

Италија – Албанија 2:0

Табела: Шпанија 13, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3, Лихтенштајн 0.

Идно коло (11 јуни): Македонија – Шпанија, Италија – Лихтенштајн, Израел – Албанија.

Група И

Хрватска – Украина 1:0

Косово – Исланд 1:2

Турција – Финска 2:0

Табела: Хрватска 13, Исланд 10, Украина 8, Турција 8, Финска 1, Косово 1.

Идно коло (11 јуни): Исланд – Хрватска, Финска – Украина, Косово – Турција.

Бобан Николов Илија Несторовски квалификации за СП 2018 Лихтенштајн Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.