Арсенал ќе мора се засили за наредната сезона. Ваква порака испрати Арсен Венгер без да прецизира дали ќе остане на кормилото на „топчиите“.
„Оваа сезона е чудна. Дваесет меча сме без пораз, но не можам да кажам дека не е полна со дамки бидејќи ги има. Основата е исклучително силна, но тимот, секако, мора и да се засили“, истакна францускиот менаџер за медиумите во Британија.
Тој изрази желба за Месут Езил и Алексис Санчез да останат на „Емирати“.
„Верувам дека тоа го сакаат и тие двајца и се надевам дека договор ќе биде постигнат“, коментира Венгер по прашањето за продолжување на соработката со германскиот и чилеанскиот репрезентативец.
За себе и неговата иднина во Лондон истакна дека „не е најважна работа“.
„Нашата иднина ќе ја одредат нашите ментални квалитети. За мојата иднина во Арсенал се говореше многу и во овој момент не е најважна работа“, порача менаџерот кој е на клупата на Арсенал од 1996 година.