НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болницата „8 Септември“ од денес затвора две одделенија

2
By Менче Атанасова Точи on March 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Болницата „8 Септември“  денеска ги затвора одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија.  Директорот Сашо Стојчев  ја потврди информацијата за НОВА и потенцира дека болницата ќе работи со намален капацитет со 75 кревети помалку. Причината за сето ова е недостигот на медицински сестри, поради што болницата полека колабира.

По десет кревети од одделението за пулмологија ќе бидат префрлени на гастроентерехепатологија, ендокринологија оди на кардиологија, а 10 кревети од општа и ургентна хирургија се префрлаат на дигестивна хирургија и на урологија.

„Подобро е да редуцираме 75 болнички кревети отколку цела болница. Веќе со месеци немаме никаква комуникација со Министерството за здравство, не одговараат на нашите барања  да се реши проблемот со недостиг на медицински сестри. На овој начин не се развива јавното здравство, вака само му се помага на приватното здравство“, изјави за НОВА директорот Сашо Стојчев.

Од утре се затвораат и четири операциони сали, така што од седум болницата ќе работи со само три операциони сали. Стојчев најави дека сите ургентни оперции ќе бидат извршени, итните случаи нема да бидат враќани, но ќе бидат вратени сите закажани, односно операции кои можат да чекаат.

Неофицијално, министерот Тодоров барал од Градската хируршка болница„Св. Наум Охридски“, да и „позајми“ 20 медицински сестри на болницата „8 Септемрви“, но од таму добил негативен одговор бидејќи и тие кубурат со кадар.

Директорот Стојчев постојано укажува на проблемот со недостиг на медицински сестри,особено на тие во операционите сали.  Болницата има 14 анестезиолози ,а  само пет медицински сестри за работа во салите.

Минатата година според методологија на Министерството за здравство се констатира дека во болницата треба да се вработат 180 медицински сестри, не вклучувајќи ги физиотерапевтите и лаборантите. Конкурсот кој беше распишан пропадна бидејќи министерството не ги испрати тестовите за испрашување на кандидатите. Веднаш потоа пропадна и финансиската согласност.

Инаку, до денеска болницата од нова година до денес биле хоспитализирани  3940 пациенти. Болницата работеше со полн капацитет и ги прима пациентите од цела држава , не само од Скопје.

Градска болница 8 Септември затворање одделенија Никола Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.