Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните не и веруваат на Антикорупциска комисија

0
By Нова ТВ on March 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 30, 2017 14:04

Десет пати се намалил бројот на пријави кои граѓаните ги поднеле до Државната комисија за спречување корупција од 2006 до 2015 година, што според извештајот на Македонски центар за меѓународна соработка може да значи дека кај граѓаните се намалува довербата во оваа институција.

Во 2007 година имало 1.114 пријави, додека во 2015 само 127 пријави за корупција поднесени од граѓаните.

Како што е наведено во извештајот, изминатите десет години, од 2006 до 2015 година најмногу успех имала во едукација на институциите, покажува најновиот извештај на Македонски центар за меѓународна соработка.

Во текот на овие години граѓаните помалку пријавувале корупција.

Во останатите полиња, како што се надзорни и контролни надлежности, соработка со граѓански организации и регистарот за избрани и именувани лице постои потфрлање.

„Наодите покажуваат дека едукацијата на институциите е клучното постигнување на ДКСК. Таа е активна и во следење на судирот на интереси. Постои потфрлање во надзорните и контролните надлежности. ДКСК досега не подготвила посебен извештај за можните злоупотреби на буџетските средства и средствата од јавните фондови за изборна кампања или воопшто за финансирање изборна и друга политичка активност. Опаѓа и следењето на имотната состојба на избраните и именуваните лица. Од 126 проверени во 2011 до 43 проверени во 2015 година. Намален е и бројот на барања за кривично гонење на избрани или именувани лица. Од 27 во 2008 година на 2 во 2015 година“, пишува во извештајот на МЦМС.

Во извештајот исто така се вели дека регистарот на избрани и именувани лица е направен во јуни 2016 година, но тој не е ажуриран.

„Регистарот не е ажуриран бидејќи институциите не доставувале податоци, но ДКСК не покренала постапки пред надлежните судови за глоба на институциите“, пишува во извештајот.

Антикоруциска комисија доверба Извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.