Каролина Возњацки е прва финалистка на ВТА турнирот во Мајами. Данската тенисерка во полуфиналето ја елиминира Каролина Плишкова од Чешка со 5:7, 6:1, 6:1 во меч што траеше два часа и 17 минути. Нејзина противничка во мечот за титулата ќе биде подобрата меѓу Американката Венус Вилијамс и Јоана Конта од Велика Британија.
Роџер Федерер, пак, се пласира во полуфиналето на машкиот дел од турнирот. По многу возбудувања и пресврти, тој го совлада Томаж Бердих со 6:2, 3:6, 7:6. Чехот имаше 6:4 и две меч топки во тај-брејкот во одлучувачкиот сет на што Федерер одговори со четири врзани поени и конечен триумф. За пласман во големото финале, Швајцарецот ќе игра со победникот од мечот меѓу Александар Зверев и Ник Кирјос.