Обилните дождови во градот Мокоа на југозападот на Колумбија предизвикаа поплави и надојдени реки во кои досега животот го загубиле 254 луѓе, додека стотици преплашени се евакуирани.
Поплавите се предизвикани од надојдените реки кои се излејаа од коритата, носејќи со себе карпи, дрвја и камења, при што голем дел од патиштата од вчера се блокирани, а голем број автомобили се заглавени во тиња.
Според податоците на војската, досега во катастрофата загинале 254 луѓе, 400 се повредени, а 200 се водат за исчезнати.
Над 1100 војници и полицајци се повикани да помогнат во спасување на жителите од 17 загрозени квартови.
Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос допатувал во Мокоа, град во кој живеат околу 345.000 жители, за да ги следи спасувачките акции.
Во свлечиштето во 2015 година загинаа 80 луѓе во Салгар, а најголемата трагедија во Колумбија се случила во 1985 година во Армер, кога загинале 20.000 луѓе во слична катастрофа.