НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кадрите во образованието и здравството ги плаќаме скржаво

0
By Нова ТВ on June 10, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Платите на вработените во управата во Македонија се за 14,5 отсто повисоки од просечните во земјата и гледано на ваков начин тие се на исто ниво како и во Словенија, а повисоки од Хрватска и од Црна Гора, која е единствена држава до поранешна Југославија каде платите во управата се пониски од просечните и тоа за 3 отсто.

Платите во македонската државна управа во однос на просечните се пониски од оние во Србија и БиХ, каде што нивното ниво изнесува 20,2 отсто и 37,5 отсто над просекот респективно, покажува компаративната анализа на белградскиот портал Макроекономија.

Од друга страна, пак, во Македонија платите во здравството се на претпоследно место во однос на просечните. Платите во здравството во земјава се за 5,1 отсто повисоки од просечните, но тие се на претпоследно место споредено со другите екс-ју држави освен Црна Гора. Највисоки плати во однос на просечните имаат здравствените работници во БиХ и тоа за 26,1 отсто.

Кога станува збор, пак, за образованието, платите во земјава се дури и пониски од просечните и тоа за 1,4, а пониски плати во однос на просекот има и во Црна Гора и во Србија. Највисоки плати во однос на националниот просек имаат словенечките просветни работници при што нивните плати се за 8,3 отсто повисоки од просечните.

Македонија убедливо најмалку вработени на 1.000 жители има во здравството и тоа само 17,5. Најмногу има Словенија со дури 26 вработени здравствени работници на 1.000 жители. И како процент од вкупниот број на вработени, оние во здравството во Македонија се меѓу најмалубројните во екс-ју. Во земјава само 7 отсто од вработените работат во здравството и тоа е најниска бројка, со исклучок на Црна Гора, каде само 6,6 отсто од вработените работат во здравството. Најмногу вработени во здравството како процент од вкупниот број на вработени има во Србија – 11,9 отсто.

Македонија е претпоследна и кога станува збор за бројот на вработени во образованието како процент од вкупниот број вработени. Само 8,4 отсто од вработените се просветни работници. Помалку од нас има Црна Гора со 8,1 отсто, а најмногу има Србија со 10,2 отсто.

Фондот на плати во образованието во земјава изнесува 8,7 отсто од вкупниот, а во здравството само 7,7 отсто до вкупниот. Овие проценти се втори најниски меѓу земјите на поранешна Југославија само пред Црна Гора. Највисок фонд на плати во образованието како процент од вкупниот платен фонд има во БиХ со 10,2 отсто, а во здравството Србија со 12,8 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.