НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можна е најголема мигрантска криза досега

0
By Нова ТВ on April 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Периодот што следува може да биде период на најголема  мигрантска криза од Втората светска војна до денеска. Ова е заклучокот од брифингот на МАРРИ што се одржа во Министерството за надворешни работи.

За активностите на регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција зборуваа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу и амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивљак Томиќ.

„Иако оваа тема не зазема исто место на агендите на регионалните и меѓународните собири како што беше пред една година. Сепак, треба да признаеме дека заканите се објективни и можноста за повторување се реални, па затоа сите заедно треба да бидеме подготвени да пружиме сеопфатен регионален одговор под закрила на нашите партнери од ЕУ“, рече Нухиу.

Оваа година со МАРРИ претседава Србија. Мигрантската криза беше главна тема на средбата меѓу претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Амбасадорката на Србија како земја актуелен претседавач со иницијативата Душанка Дивљак Томиќ истакна дека како транзитна земја која се наоѓа на средината на Балканската рута е една од оние земји кои се најосвестени за овој проблем.

„Од МАРРИ како уникатна иницијатива очекуваме да обезбеди не само стручна помош, планирање заеднички акции туку и конкретен придонес за создавање конкретни акциони планови, како и поддршка на координацијата и импелментацијата со постоечките механизми на сите учесници на МАРРИ. Од партнерите на МАРРИ очекуваме да ги вложат своите напори и да ги понудат најдобрите решенија за мигрантската криза“, рече амбасадорката Дивљак Томиќ.

За буџетот за МАРРИ Иницијативата  за 2017 година се предвидени 500.000 евра. Во јуни годинава треба да биде усвоена и стратегијата за 2017-2020 година. Следен претседавач со иницијативата е Албанија.

мигрантска криза нов бран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.