Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сиријци незаконски затворени во Прифатниот центар во Гази Баба

0
By Нова ТВ on April 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 7, 2017 15:12

Тим од Канцеларијата на Народниот правобранител при ненајавена вонредна посета на 4-ти овој месец на Прифатниот центар за странци – Гази Баба на МВР констатирале противправно задржување на лица, кои не биле евидентирани како присутни и не им биле издадени документи за нивното задржување.

„Се работи за пет државјани на Сирија кои транзитирале низ Македонија од Србија кон Грција, а биле затекнати на Железничката станица во Скопје со купени автобуски билети за Гевгелија и со намера да се вратат во Грција“, информираа на денешниот брифинг со новинарите од Канцеларијата на народниот правобранител.

Четворица од нив поседувале докуменатација за потврда на сопствениот идентитет, како и документ со кој се докажува нивниот претходен влез во Грција. Овие лица, на 4 април во раните утрински часови од припадници на МВР биле спроведени во Прифатниот центар за странци и заклучени во простории без притоа да им се образложи причината за нивното задржување, ниту пак да се поучат за нивните права.

Според Народниот правобранител, ваквиот начин на постапување на управителот и службените лица во Центарот претставува грубо прекршување на законската регулатива и укажува на можна веќе воспоставена пракса на противправно задржување и неевидентирање на лица во Центарот. Дополнително загрижува фактот, како што велат од Канцеларијата на Народниот правобранител, што управителот и службените лица во Центарот се обиделе да го прикријат ваквото незаконито работење со давање лажни информации за актуелната состојба на задржаните лица.

По инсистирање на тимот од Канцеларијата на народниот правобранител лицата веднаш ослободени од Прифатниот центар за странци со усна наредба.

 

 

Мигранти Народен правобранител Прифатен центар Сиријци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.