Дарија Касаткина е освојувачка на ВТА турнирот во Чарлстон. До првата титула, 19 годишната Русинка стигна по победата над Остапенко од Летонија со 6:3, 6:1 по повеќе од еден час игра.
Касаткина направи дури три брејка во првиот сет, а по 1:1 во вториот „врза“ пет гема во едноподруго за најголемиот успех во нејзината кариера.
На патот до финалето ги елиминира Данка Ковиниќ од Црна Гора, олимписката шампионка Моника Пуиг од Порторико, Австралијката Дарија Гаврилова, Романката Ирина Камелија Бегу и Лаура Зигмунд од Германија.