Марио Деус, почесниот конзул на Македонија во Барселона, пробал да се самоубие, пишуваат странските медиуми.
Тој е осомничен за убиство на своите тригодишни близнаци. Деус вчера не се појавил пред судот во Кејп Таун бидејќи завршил во болница откако се обидел да се самоубие.
Неговиот адвокат, Вилијам Бут, на судот му доставил документ во кој се наведува дека неговиот клиент, додека бил во притвор, си нанел сериозни повреди во пределот на стомакот, поради што веднаш бил пренесен во болница.
Деус се соочува со две обвиненија за убиство и едно за кражба на моторно возило.
Поранешнта сопруга на Деус, Швеѓанката Џулиа Енгелхорн ги пронашла телата на близнаците Максимо и Октавија, во изнајмена вила во близина на Кејп Таун.
Полицијата соопшти дека Деус, кога ја забележал својата поранешна сопруга во вилата, побегнал со нејзиното возило, но подоцна бил уапсен во предградие.
Марио Сезар Деус е почесен конзул на Македонија во Барселона од 6 декември 2012 година.
Македонското МНР соопшти дека ќе почека потврда од шпанските власти на информациите за наводното апсење на македонскиот почесен конзул во Барселона, пред да ги разгледа опциите за одземање или задржување на неговиот статус.