Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На истекот на мандатот Коневски ги крои парцелите во Аеродром

0
By Нова ТВ on April 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 11, 2017 16:07

Смее ли градоначалникот на Општина Аеродром и општинскиот совет да донесуваат детални урбанистички планови, да распишуваат тендери и да носат одлуки кога нивниот мандат е пред крај и тие имаат само како технички функции. Ова прашање се отвори, неколку дена откако советниците во Аеродром дадоа согласност за детален урбанистички план со кој е предвидена изградба на неколку висококатници во општината.

СДСМ: ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕМЕ ОДЛУКАТА ЗА СПОРНИОТ ПЛАН

Општините, советниците и градоначалниците не смеат да распишуваат тендери. Не смеат да носат детални урбанистички планови кои се на штета на граѓаните додека советниците и градоначалниците имаат само техничка функција. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ.

„Посебно нагласуваме дека, во услови на техничко функционирање на општините, советниците и градоначалниците не смеат да распишуваат тендери! Примерот во Општина Аеродром, каде градоначалникот Ивица Конески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ за тендер интереси, без согласност од граѓаните, по итна постапка, изменија Детален урбанистички план, е класичен доказ за работење спротивно на законот. Согласно Законот за локална самоуправа, мандатот на сите членови на советите на општините и на сите градоначалници е четири години и е веќе истечен! Советите и градоначалниците, во периодот што следи, своите надлежности мора да ги извршуваат исклучиво технички, со цел да се даваат услугите кои им се потребни на граѓаните“, рече Павлески.

Тој додаде дека по средината на мај целосно прекинува мандатот на градоначалниците и советниците, со што тие губат секакво право на раководење со општините.

„Општините ќе останат обезглавени, а последиците ќе паднат врз граѓаните кои не ќе може да ги реализираат своите потреби. Затоа, ќе ја реализираме мнозинската волја на граѓаните според Деловникот, Уставот и законите и ќе има и нова Влада и датум за нови локални избори“, додаде Павлески.

Оваа реакција на Павлески доаѓа неколку дена откако мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром го изгласаа новиот детален урбанистички план И10 со кој се дозволува изградба на неколку висококатници во општината, кај Мајчин дом, на Кејот на Вардар и во населбата Острово.

ЗЕЛС ТРЕБА ПОСЕРИОЗНО ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ОВА ПРАШАЊЕ

Професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска-Данева, која за НОВА ТВ изјави дека проблемот е настанат уште кога беше пропуштен рокот за локалните избори.

„Рокот за распишување на локалните избори кои требаше да се одржат во првата половина на мај истече, тоа значи дека тогаш истекува и мандатот на градоначалниците и советите и Македонија останува без локална самоуправа“, вели Павловска-Данева.

Според неа градоначалниците, откако ќе им истече мандатот нема да смеат да потпишуваат ништо, а советите нема да можат да заседаваат и да носат општи акти.

„Овластувањата, или барем дел од нив се преносливи, а на советите не се. Советот и неговите одлуки не може никој да го замени. Пренесувањето на одлуките од страна на градоначалниците ќе зависи од случај до случај, „ад хок“ и тоа не е добро. Мислам дека ЗЕЛС треба многу сериозно да се позанимава со ова прашање“, смета професорката.

АЕРОДРОМЦИ СЕКОЈ ДЕН НА ПРОТЕСТ

Во ситуација кога во зимски услови жителите на Аеродром и Ново Лисиче се гушат од смог и загаден воздух, советниците и градоначалникот Ивица Коневски неколку дена пред истекот на нивниот мандат, даваат согласност за детален урбанистички план на кој се противат жителите на оваа општина. Аеродромци, неколку дена по ред протестираат пред општината со цел да не се дозволи уништување на зеленилото во општината.

Револтот на аеродромци е поголем затоа што тие се сомневаат дека градоначалникот дозволил да се донесе деталниот урбанистички план за тој да реализира свои бизнис интереси. Според документите, една од спорните парцели на која е предвидена изградба на деветкатница му припаѓа на Орце Камчев.

„Сега чаре ни е само Уставниот суд оти имаме сериозни забелешки на планот кои не се замени предвид. Со месеци се бориме против усвојувањето на овој план. Тој еднаш беше вратен на доработка, а од Општината најавија дека ќе ги земат предвид забелешките од граѓаните“, велат жителите.

Голем дел од нив се пожалија дека единствениот одговор што го добиле на забелешките е дека тие не се прифатени.

Коневски вели дека планот е донесе во рамките на законот и за доброто на граѓаните. Според него, со изградбата на нови објекти, влегуваат пари во општините.

„Планот се носи во рамки на законот и во интерес на граѓаните. Со носењето на нови детални планови и изградба на нови објекти влегуваат финансиски средства во општината со кои ние реализираме голем број проекти. Ако се реши да се спречи градбата, или да се донесе одлука со која ќе се стопира градбата во сите општини во Град Скопје, тогаш општините нема да имаат можности да функционираат. 90 отсто од финансиите во општините доаѓаат од изградбата на објектите“, изјави денеска Коневски.

Овој детален урбанистички план се однесува на делот покрај Вардар од Железничка станица до Мајчин дом и предвидува низа нови објекти поради кои се одзема од зеленилото, како и сервисни улици и паркинзи во служба на новите објекти.

висококатници ВМРО-ДПМНЕ Детален урбанистички план згради прес конференција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.