НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се сретна ли Груевски со министерот за економија на ОАЕ?

0
By Нова ТВ on June 11, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Султан бин Саеед Ал Мансури, ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски за време на официјалната посета на Македонија, најави Khaleej Times завчера, од Абу Даби, додека денеска весникот потврди дека средбата е остварена (текст до фотографија горе).

Поздравувајќи ја делегацијата на ОАЕ, предводена од Ал Мансури, македонскиот премиер ги пофалил мудрите надворешни политики на Емиратите, заинтересираноста за отворање кон светот, како и воспоставувањето партнерства, кои ја рефлектираат блиската меѓународна соработка и понатамошното засилување на економските, трговските и инвестициските односи со остатокот на светот.

Министерот Ал Мансури, пак, рекол дека средбата е дел од напорите да се промовираат односите на ОАЕ и Македонија. Двете страни се договориле да започнат, во најбрз можен рок, преговори за договор за избегнување на двојното оданочување и заштита и промоција на инвестициите.

Уште во саботата, друг весник од земјите на Персискиот залив Gulf News извести дека Ал Мансури ќе предводи делегација која во официјална посета ќе ги посети Македонија и Косово.

Минситерот за економија на ОАЕ, во официјална изјава пред тргнувањето истакнал дека тридневната посета има за цел да ја прошири соработката меѓу ОАЕ и двете земји, барајќи можности за инвестирање и охрабрувајќи го приватниот сектор и деловната заедница да иницираат заеднички проекти за засилување на економскиот раст во трите земји.

Секторите како земјоделството и индустријата на храна особено се таргетирани од ОАЕ со оглед на тоа што оваа земја има за цел да го засили снабдувањето со храна, вели Ал Мансури.

Во делегацијата со министерот Ал Мансури присуствувале и високи претставници од Министерството за економија на ОАЕ, компанијата Dubai Airports, S.S. Lootah Group, Agriculture и други.

За оваа официјална посета на министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати во Македонија и за неговата средба со премиерот Груевски немаше ни збор, ниту пак било какво соопштение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.