Фудбалерите на Борусија Д. и на Монако се сигурно. Нивната четврт-финалната пресметка во Лигата на шампиони е одложена за утре попладне (18,45 ч.) по трите, засега, неповрзани експлозии во Дортмунд од кои една го оштети клупскиот автобус на домашната екипа. Од распрскано стакло со расекотини на раката се здоби Марк Бартра чија повреда е, болнички, санирана, не е од сериозна природа и самиот играч порача дека се чувствува добро.
За непријатните случувања пред мечот во Дортмунд, за атмосферата по експлозиите и по одлуката за одложување на фудбалската претстава до утре попладне со свој коментар се јави Даниел Субашиќ. Голманот на Монако за хрватските медиуми порача дека екипата е сигурна, но дека чувството е грозно.
„Жив сум. Се е добро. Ме најдовте во соблекувална на стадион. Се пресоблекувавме и се подготвувавме за натпреварот кога влезе тренерот Леонардо Жардим и нѝ рече дека мечот е одложен бидејќи еден фудбалер на Борусија е повреден со експлозивна направа. Сигурни сме, но чувството е грозно. Наместо да истрчаме пред полни трибини, ние седиме во соблекувална и размислваме каде води ова“, рече Субашиќ за порталот „24сата.хр“.