На Јутјуб каналот денеска се појави трејлерот од новото продолжение на филмска одисеја на Питер Џексон.
Вториот дел на филмската трилогија „Хобит“ е наловен „Пустошење на Смауг“, а во американските кина премиерата е најавена за 13. декември.
И во овој дел се појавува истата актерска екипа, но ќе и се придружат и Стивен Фрај и Бенедикт Камбербач – телвизискиот Шерлок Холмс, Мартин Фримен и други познати актери.
Првиот дел на трилогијата „Неочекувано патување“ не ги воодушеви критичарите, но заработувачката од милијарда долари во кината, доволно говори дека филмот е по вкус на публиката.