Најмалку 12 лица се повредени во напад со киселина во ноќен клуб во Лондон, соопшти Скотланд Јард.
Нападот се случил ноќеска по полноќ кога во клубот кој се наоѓа во лондонската населба Хакни, а во клубот имало околу 600 гости.
Сите повредени имаат изгореници по делови од телото, а десетмина од нив биле префрлени во болница.
Официјалните лица кажуваат дека станува збор за „силна киселина“, но ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.
Засега никој не е уапсен за нападот.