На вечерашната вонредна седница, Владата формирала комисии за проценка на штетите на овошните и лозови насади поради ниските температури кои ја погодија Македоија периодов.
Министерот за земјоделсто, шумарсто и водостопанство, Михаил Цветков, вели, штетите биле навистина големи бидејќи минативе две вечери температурите се спуштија и до минус 7 степени.
– Владата на Република Македонија на вечерашната вонредна седница расправаше по повод настанатите штети на овошните и лозови насади од мрзнење, имајќи во предвид дека изминативе две вечери температурите се спуштаа и до минус 7 степени. На вечерашната седница беа присутни и повеќе градоначалници од општините каде имаше и најголеми штети и тие ја информираа Владата на Република Македонија. Од она што беше кажано може да се заклучи дека штетите на овие овошни лозови се доста големи.
– Затоа владата донесе две одлуки, прво вечерва да ги формираме комисиите кои што од утре ќе излезат на терен и ќе направат записници на сите овие овошни и лозови насади за настанатите штети. Второ, имајќи во предвид дека се уште немаме избрано нова влада, формирана е комисија од повеќе институции, каде што треба да ја изнајдеме најдобрата методологија, односно по кој закон истите ќе се исплаќаат, така да во вторник на редовната седница на Бладата на Република Македонија ќе дадеме извештај по овие две информации, изјави Цветков.