НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Овде Радио Лондон, еве ги резултатите од француските избори!

0
By Светлана Јовановска on April 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хаштагот Радио Лондон (на француски #RadioLondres) денес, по пет години пауза, денес повторно се појави на Твитер. Неговите над 55 илјади следачи се надеваат дека Радио Лондон ќе биде најбрз во објавувањето на имињата на двајца финалисти во првиот круг на француските претседателски избори.

Сите кои учеле за Втората светска војна знаат дека Радио Лондон беше слободната радио станица која Би-Би-Си ја отвори во Лондон наменета за Франција која тогаш беше окупирана од нацистите. Радио станицата беше на француски јазик а ја водеа Французи кои успеале да се избегаат од окупаторот. Радио Лондон успешно ја демантираше нацистичката пропаганда и ги повика Французите да се кренат против окупаторот.

Денес нема војна и нема окупатор но постои закон во земјата со кој на француските медиуми им е забрането да објавуваат било што поврзано со изборите додека трае изборниот ден. Непочитувањето чини 75.000 евра. Па така лесно ќе разберете дека ниту најбогатите француски медиуми молчат се до 20 часот кога сите го објавуваат името на победникот.

Но интернетот го донесе Радио Лондон, приватна иницијатива зад која стоји Иго Траверс кој има 20 години и е студент на втора година на политички науки. Во 2012 година тој го измисли #RadioLondres , граѓански медиум како што го нарекува неговиот основач.

Иго и неговите пријатели лесно ракуваат со интернет и самите собираат податоци од гласачите кои излегуваат од избирачките места. Годинава одлучија на јутјуб во “живо” да ги покриваат изборите под хаштагот #ElyséeLive:

Забраната за објавување важи и за интернет медиумите. Радио Лондон најде начин како да се провлече низ законската мрежа и објавува шифрирани пораки полни со хумор.

Така во 2012 година, кога кандидати за претседател беа Франсоа Оланд и Никола Саркози, #RadioLondres напиша дека темпратурите изнесуваат 27 степени во Холандија и 25 во Унгарија. Името на Оланд на француски се пишува исто како и државата Холандија а унгарската референца се однесуваше на Саркози поради неговото унгарско потекло.

И годинава кандидатите имаат шифрирани имиња. Така Емануел Макрон го доби името Ротшилд поради тоа што работел во истоимена банка или Стив Џобс , Франсоа Фијон е Бајо Паторот (Пиксу на француски) со игра на зборови (Пиксу е името на познатиот цртан јунак а на француски значи крадење пари поради скандалите кои се провлекуваа низ неговата кампања), радикално левиот Жан-Лук Меланшон е Кастро или Че Гевара а екстремната десничарка Марин Ле Пен го доби името Фрексита поради нејзините ветувања дека ќе ја извади Франција од ЕУ.

 

#RadioLondres престедателски избори Радио Лондон Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.