НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид СОС: Студенчишко Блато останува заштитена зона

0
By Нова ТВ on April 27, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студенчишко Блато останува строго заштитена зона додека не се изработи студија за валоризација по запирање на незаконскиот хотел во Лагадин.

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ заедно со Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. со свои претставници учествуваше на стручната расправа за измените на Генералниот урбанистички план за Охрид 2014-2024 година

„Иако локалната самоуправа има должност за сите одлуки кои ја засегаат јавноста, за жал, информацијата за стручната расправа не беше достапна на официјалната веб-страница на Општина Охрид. Граѓаните имаат рок од 10 дена да ги достават своите коментари за предложените измени до Општина Охрид. Со огромно задоволство ја известуваме јавноста дека двегодишната битка на Охрид ЅОЅ конечно вроди со плод! Студенчишко Блато останува строго заштитена зона сè додека не се изработи студија за негова валоризација“ се вели во соопштението на „Охрид SOS“.

Причината за ревидирање на извонредната студија која веќе постои е заклучокот на влада од сто шеесет и шестата седница одржана на 12 ноември 2013 година. Во тој документ владата и препорачува на општина Охрид да поднесе ревидирана студија во која 4 до 5 хектари земја кои се предложени во самата студија за заштита на природното наследство ќе бидат третирани како заштитено подрачје во иднина, а Министерството за животна средина и просторно планирање во најкраток можен рок соодветно да постапи.

„Прашуваме, кои се тие експерти во владата кои утврдиле дека блато има десетпати помалку од неговата реална површина? Според податоците до кои со постојано излегување на терен во опсежен временски период дошле научниците кои ја изработиле Интегрираната студија за Студенчишко Блато, се предлага површината на блатото да изнесува 63,97 ха со соодветни зонирања на активно управување, одржливо користење и строга заштита. Кои се аргументите на владата да го поткрепи своето барање за површина на блатото од 4 до 5 хектари? Бидејќи научни аргументи сигурно не се!“ се вели во соопштението.

Нареден чекор, според нив е Секторот за урбанизам заедно со Министерството за транспорт и врски да распише тендер за фирма која ќе ја изработи ревидираната студија. Министерството за транспорт и врски ќе ја финансира таа студија.

„Според истражувањето на Здружението Е.Д.Е.Н. кое беше спроведено на близу 250 граѓани, 100% од испитаниците одговориле дека Студенчишко Блато треба да се заштити. Тоа беше единствениот едногласен одговор на граѓаните кои ја пополнија анкетата. Блатото – единствениот и последен филтер на Езерото, не само што треба да се заштити, туку и задолжително е да се ревитализира. Само за потсетување, во ноември 2012 г. додели 100.000 евра на Општина Охрид за ревитализација на Блатото. Средствата беа вратени назад на донаторот поради неажурност на Општината и Блатото остана да чека некои подобри времиња“ се наведува во соопштението.

Охирд Студенчишко Блато Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.