НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенис: Федерер се остри за Ролан Гарос

0
By Нова ТВ on May 1, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се наближува крајот на одморот што самиот си го даде и се подготвува за враќање на терен. Роџер Федерер најави учество на Ролан Гарос, вториот гренслем во сезоната во која има три трофеи од Австралија опен и од Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами. Од почетокот на април е без натпреварувачки настап што практично значи дека ја пропушти, речиси, комплетната сезона на земја, но не и Отвореното тениско првенство на Франција.

„Пријавен сум и планирам да играм во Париз. Се чувствувам привилегирано што повторно сум на терен. Минатата година беше исклучително тешка за мене. Имав операција, а коленото не се рехабилитира во целост. Имав и проблеми со грбот исто така што се влошија за време на Вимблдон по што следуваше пауза од шест месеци“, истакна Федерер.

Швајцарскиот тенисер во јануари во Мелбурн ја освои рекордната 18 титула во кариерата, на австралискиот гренслем го одигра 100. меч, а во Мајами го подигна и 26. Мастерс трофеј. Во август ќе наполни 36 години, но одлучен е во намерата да остави силен белег на годината и покрај возраста и повредите што го нападнаа лани. За таа цел и редуцираната агенда на настапи во 2017 година, прескокнување на турнирите во Монте Карло, во Барселона и Рим и паузата за рекуперација до Ролан Гарос.

„Имав прилика да бидам со семејството и многу време за подготовки за новата сезона. Постојано верував дека напорната работа ќе се исплати. Добив втора шанса да заиграм на професионалните турнири и беше возбудливо кога се вратив во Австралија. Уживав таму и се уште уживам во секој настап“, додаде Федерер пред гренслемот во Франција пто го освои во 2009 година.

Ролан Гарос оваа година ќе се одржи по 116 пат. Ќе почне на 28 мај и ќе трае до 11 јуни. Наградниот фонд е 32 милиона евра. Победниците во двете конкуренции ќе добијат по 2,1 милиони плус 2.000 АТП и ВТА бодови. Бранител на титулата кај мажите е Србинот Новак Ѓоковиќ, кај дамите Шпанката Гарбине Мугуруза.

Ролан Гарос Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.