Лидерите на Г-8 земји треба да го започнат Самитот во Северна Ирска, каде се очекува конфликтот во Сирија да доминира.
Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, се состана со рускиот лидер Владимир Путин – клучен сојузник на Сирија – во неделата, . Секој од нив ќе оствари одделни разговори со претседателот Барак Обама, кој посочи дека тој ќе ги вооружува бунтовниците, јавува Би-Би-Си.
Камерон, како домаќин, исто така, сака да се фокусира на глобалните економски прашања.
Тој се надева да го надгледува отпочнувањето на разговорите за ЕУ-САД договорот за слободна трговија и да се постигне напредок во даночната транспарентност.
39.от самит на Групата осум (Г8) ќе се одржи во Лог Ерна (Lough Erne), округот Фермана, денеска и утре.