Синдикатите во Турција побараа еднодневен национален штрајк во знак на протест против полициската операција на анти-владините демонстрации.
Конфедерацијата на синдикати на Јавната работничка партија (КЕСК) и Конфедерацијата на Прогресивните синдикати бараат крај на “полициското насилство”, јавува Би-Би-Си.
Овој потег доаѓа по континуирите спорадични судири меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул и во главниот град Анкара.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган остро го бранеше полициското справување со демонстрантите.
Како и претходните денови и вчера полицијата употребуваше водени топови со намера да ги растера демонстрантите кои се собираа на улиците на Анкара, во знак на протест против употребата на прекумерна сила од страна на полицијата.
Додека во Истанбул, демонстрантите беа растерани од плоштадот Таксим, а најупорните се движеа по околните улици, во Анкара, на плоштадот Кизилау се собраа илјадници луѓе со намера да протестираат.
Полицијата со водени топови и солзавец ја растеруваше поворката која се одржуваше во знак на сеќавање на Етем Сарисулук, 26- годишен демонстрант кој беше застрелан на 1 јуни, додека демонстрираше низ улиците на Анкара поддржувајќи ги протестите за Гези паркот на Таксим.
По две недели во кома, младиот Сарисулук, им подлегна на повредите.