Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска со дозвола од Архивот уништува документација

6
By Влатко Чаловски on May 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 4, 2017 14:54

Државната комисијата за спречување на корупцијата на 24.април годинава донела решение за да уништи архивски материјал од 2002 до 2014 година.

Државниот архив ја примил листата со попис на документите за уништување и дал дозвола за да се уништат.

Ова го пишува во документот за уништувањето на документацијата, а до којшто дојде НОВАТВ додека се изнесуваа материјалите од Комисијата.

Со докуметни се наполнија два автомобили, а по пристигнувањето на екипата на НОВАТВ престанаа да се товарат документи во автомобилите по што дојде возило на компанијата ДС Смит која се занимава со производство на хартија и амбалажа и истата ја презеде, за како што рекоа оттаму, на уништување.

Фотографија од решението со коешто Државниот Архив ја презема документацијата од Антикорупциската комисија

Фотографија: Решение потпишано од Советникот Зоран Трајковски од Државниот Архив со којшто се дава согласност за уништување на документација од Антикорупциската од 2002 до 2014 година. 

Голем дел од документацијата се фајлови од случаите коишто ги водела Комисијата против државни функционери.

Камерата на НОВАТВ ги забележа досиејата од големите корупциски случаи кои што никогаш не добија завршница како на пример „Топилница – Велес“ и Случајот со злоупотреба на службената должност од страна на директорот на Јавното претпријатије „Македонски шуми“, Жарко Караџоски.

НОВАТВ се обрати од Комисијата, но тие одбија да одговорат зошто се бара уништување и на документација од поновите години и што содржи пописната листа. Не упатија прашања да им пратиме на емаил.

НОВАТВ во изминатите пет години или непосредно по заминувањето на последниот претседател Илми Селами којшто отвараше случаи на корупција и беше ангажиран во јавноста, нема добиено одговор на ниту еден емаил, а пратени се десетици барања за одговарања прашања.

 

Антикорупицска комисија документи Државна комисија за спречување корупција ДС Смит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.