Сан Антонио останува без Тони Паркер во продолжение на плје-офот во НБА лигаа. Францускиот интернационалец го повреди коленото на левата нога за време на вториот натпревар со Хјустон што спарси го добија со убедливи 121:96 за зрамнување на 1:1 во полуфиналната серија во Западната конференција.
Паркер ќе мора да се подложи на хируршка интервенција на што упати и наодот од направената магнетна резонанца по средбата. Тој одигра 26 минути во втората плеј-оф пресметка со „ракетите“ и од мечот излезе со 18 поени и четири асистенции.
Третиот меч меѓу Сан Антонио и Хјустон е во сабота наутро во „Тојота центар“ со почеток во три часот.
НБА плеј-оф
Источна конференција
Кливленд – Торонто 125:103 (резултатот во серија е 2:0)
Западна конференција
Сан Антонио – Хјустон 121:96 (1:1)