Лицето кое што утрово го застрелало градоналачникот на Боговиње Хазби Идризи веднаш потоа си пукало во слепоочницата, по што бил донесен на Ургентниот центар во Скопје каде што околу 13 часот и 30 минути им подлегнал на повредите.
Абани Ќаси (53) е поранешен вработен во општина Боговиње. Тој и градоначалникот Идризи утрово се расправале во кафеана во близина на општината. Потоа Ќаси извадил пиштол и пукаш шест пати во Идризи. Кога бил донесен во тетовската болница во 10 часот и 45 минути Идризи веќе бил починат.
Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител и увидна екипа од Сектрот за внатрешни работи Тетово. За сите понатамошни мерки по завршување на увидот насоки ќе бидат дадени од надлежниот Јавен обвинител.
Надлежните не ги соопштуваат причините за расправијата ниту мотивот за убиството.