По осум години возот „Јадран Експрес“ повеќе нема да сообраќа на релација Белград – Сплит.
Како што објавува весникот „Новости“, Хрватски железници веќе немаат интерес српските туристи да одат со воз до брегот на Јадранското море, односно до Сплит.
Хрватите бараат висок надомест па Железници Србија нема да ја пушти линијата до Сплит.
Поради нерентабилност, „Хрватске железнице” пред шест месеци укинаа 46 возови во меѓународниот сообраќај, но на соседните земји им се дава можност да ги задржат лините со одреден надомест.
Прво, беа укинати директните возови до Сараево и Загреб, а потоа пет воза за Цирих беа намалени на само еден.
Од Железници Србија велат дека “Јадран Експрес”, беше многу популарен. Сообраќаше еднаш неделно, во петок, а се враќаше во саботата. Возот беше секогаш полн и секогаш имаше барања за дополнителни билети, посочуваат од српската железница.