Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје на 20 јуни, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.
Од Авалон Продукција информираат дека концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на Скопското Кале со почеток од 21 часот.
Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.
Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл.