Американскиот глумец Едвард Фарлонг, кој ја стекна својата слава во младоста како дел од актерската екипа на филмот „Терминатор 2“, е обвинет за семејно насилство, соопшти обвинителот на Лос Анџелес.
Актерот, кој сега има 35 години, изјави пред Судот дека не е виновен. Ова не е прв проблем на Фарлонг со судот, бидејќи против него веќе е издадена наредба за ограничено приближување до домот на својата пријателка во западниот дел на Холивуд.
Но, и покрај тоа тој отишол кај неа на 21 мај, ја нападнал и вербално и се заканил доколку пријави во полиција.
Доколку биде прогласен за виновен, Фарлонг може да биде осуден на четири години затвор.