Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли полова дискриминација во класичната музика?

0
By Нова ТВ on June 19, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 19, 2013 13:35

„Жените што свират инструменти сѐ уште се соочуваат со сексистички коментари од своите машки колеги. И тешко успеваат да се пробијат и работат петпати повеќе од мажите за да успеат да се изборат за соодветен статус. Прифатени се само инструменталистките што се рекламираат на поинаков начин и играат на картата на сексуалноста“.

Го пренесува Нова Македонија тврдењето на познатата новинарка на Би-би-си, Џени Мареј, која ја води радиоемисијата „Женски час“.

Според неа, атрактивните инструменталистки, виолинистката Никола Бенедети и трубачката Алисон Балсом, се добро прифатени од своите машки колеги само поради фактот дека се рекламираат на специфичен начин. Преостанатите, како што вели, кои не се водат од принципот „сексот продава“, се оставени сами да се борат за рамноправност во оркестрите.

Половата дискриминација, која е доста присутна во светот на класичната музика денес, кај нас не постои, тврди Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.

„Иако секогаш сакаме западноевропските земји да ни бидат пример за добрите нешта, понекогаш се случува за одредени работи нашата средина да биде понапредна токму од овие земји. Ако зборуваме за половата дискриминација, таа кај нас, барем во Македонска филхармонија, не постои. Некој може да каже дека мојот став е субјективен бидејќи и јас сум жена, но јас и како личност не сум конзервативна ниту, пак, сметам дека поради одредена припадност или различност луѓето треба да бидат дискриминирани. За мене, како професионалец, важно е дали музичарот е добар или не и дали е способен професионално да ја извршува работата“, вели Чаначевиќ за Нова Македонија Нова Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.