Советот на јавни обвинители денеска по втор пат ја одложи седницата за распишување на оглас за избор на шеф на скопското обвинителство откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска. Следната седница е закажана за 25 мај.
Претседателот на советот на јавни обвинители, Петар Аневски денеска не објасни кои се причините за одложувањето на седницата.
Според Аневски, нема пречка да се врши избор и по шест месеци од огласот, а како пример кажа дека Катица Јанева како обвинител во 2010 година била избрана осум месеци по огласот.