НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенис: Шарапова без покана за Ролан Гарос, ВТА во нејзина заштита

0
By Нова ТВ on May 17, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Марија Шарапова остана без вајлд карта за Ролан Гарос. Русинката поднесе барање за настап на вториот годинашен гренслем што беше одбиено по неколку неделно разгледување на случајот од Француската тениска асоцијација (ФФТ). Образложението е дека се враќа на терен по допинг скандалот и двегодишната суспензијата што во меѓувреме беше намалена на 15 месеци.

„Специјалните покани се издаваат на некој кој се враќа на терен по повреда, но не и по допинг случај. Можеби во моментот има многу разочарани меѓутоа моја одговорност е да го штитам тенисот и играта без никакви сомнежи и резултати“, истакна Бернар Жудичели, претседател на ФФТ.

Поранешниот светски рекет број еден кај дамите има две титули на Ролан Гарос во кариерата. Првата ја освои во 2012 година, успех што го повтори и во 2014 година. Моментно се наоѓа на 211 место на ВТА листата, но на првиот гренслем настап по паузата ќе мора да почека барем до Вимблдон.

„Вајлд карта за квалификации би била навреда и за неа и за турнирот“, додаде Жудичели кој нагласи дека трипати ја барал Шарапова да ја запознае со одлуката пред да ја објави на Фејсбук, но Русинката не се јавувала на телефон.

Несогласување со одлуката на француските тениски авторитети изрази Стив Сајмон, прв човек на Женската тениска асоцијација (ВТА), кој застана во одбрана на Шарапова.

„Таа ја одработи својата казна и не можам да ја поддржам одлуката да не добие специјална покана. Не постојат основи за казнување надвор од санкциите на конечните одлуки по ова прашање“, изјави Сајмон.

Претходно во пресрет на Марија Шарапова излегоа организаторите на турнирите во Штутгарт, во Мадрид и во Рим, но не и на Ролан Гарос.

Вајлд карта ВТА Марија Шарапова Ролан Гарос тенис ФФТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.