Стотина граѓани попладнево излегоа пред зградата на Владата за да го прослават како што велат „падот на Груевски“. Во најголем број можат да се забележат учесниците во ланската „Шарена револуција“, кои повторно ги отпеаја рефрените „Шутка не ти бега Никола“. Помеѓу насобраните граѓани се и т.н. командоси од „Шарената револуција“, како и пратеникот Павле Богоевски.
Граѓаните велат дека спонтано се организирале преку социјалните мрежи и нема организирано славење на доделувањето на мандатот на лидерот на СДСМ, туку дошле симболично да ја одбележат промената на власта после 11 години владеење на Груевски.