Прашината која ја испушта Фени е штетна бидејќи содржи во себе сурфур диоксид и загадувачки супстанци составени од тешки метали тврдат во Државниот инспекторат за животна средина. Резултатите од анализите со кои располага НОВА покажуваат дека Фени во одредени периоди испушта десеттина, па дури и стотина пати повисока концентрација на загадувачки сусптанции од максимално дозволеното.
Станува збор за прашината која не поминува низ филтрите, а оџакот ја испушта во енормни количини кога стартува топилницата велат во Министерството за животна. Од таму потенцираат дека им с е врзани рацете и не се во можност да казнуваат бидејќи на Фени како и на другите загадувачи во државата им е даден рок од уште една година да се прилагодат на стандардите на ЕУ.
-После април 2014 година оваа слика верувам дека нема да се повтори затоа што казните се енормно високи и не ми се верува дека Фени ке си го дозволи ова како луксуз понатаму изјави за НОВА Фирус Мемед директор на Инспекторатот за живона средина.
Македонија е пред испитот на зрелоста. Дилемата е само –дали сака или не, да го положи.