Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пеколните температури го вклучија алармот на брзата помош

0
By Менче Атанасова Точи on June 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 20, 2013 16:13

Сончевото и многу топло време со висок УВ индекс на зрачење 9, ги зголеми повиците во брзата помош. Дури 40 граѓани побарале лекарска помош денеска до 15 часот. На шест граѓани им се слошило на улица по што интервенирала брзата помош. Лекарите апелираат до граѓаните доколку забележат карактеристични симптоми кои укажуваат на колапс веднаш да се повлечат во сенка.

-Апелираме до граѓаните доколу почувствуваат вртоглавица, заматување пред очи, препотување, дури и нагон за повраќање веднаш да се се повлечат во сенка, да легнат и да пијат многу течности.Тоа се првите симптоми кои може да доведат до состојба на колапс изјави за НОВА доктор Маја Поповска раководител на Службата за итна медицинска помош.

Доколку овие симптоми продолжат, а лицето не се повлече од сонце можно е да дојде и до топлотен удар . Поповска потенцира доколку се случи такво нешто треба веднаш да се побара лекарска помош.

-Она на што граѓаните треба да внимаваат се лесните и течни оброци во овој период, пиење на многу вода, носење на лесна,светла и широка облека за да има испарување на течноста од телото обајаснува Поповска.

Од вчера цела држава е во жолтата алертна фаза што значи дека е зафатена од силен топлотен бран.

Од Министерството за здравство ги предупредуваат граѓаните да се придржуваат на советите од лекарите. Да избегнуваат престој на сонце меѓу 11 и 17 часот, задолжително да носат очила за сонце и шапка поради високиот УВ индекс, да консумираат многу течности, без потреба да не излегуваат од дома, а хроничните болни редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Лекарите потенцираат дека истите препораки важат и за децата и за возрасните. Според прогнозите на синоптичарите топлото време и високите температури се очекува да траат и во наредните денови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.