Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Еден регион – една економија“, тема на Сараево бизнис форумот 2017

0
By Нова ТВ on May 22, 2017 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 22, 2017 22:59

За НОВА ТВ од Сараево Теофил Блажевски

Преку 1600 учесници од над 30 земји, меѓу кои и актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претседатели на големи корпорации, на банки и на ЕУ се учесници на традиционалниот Сараево бизнис форум кој започна денеска.

Главното мото со кое се започна еден од панелите на годинешната средба е „Еден регион, една економија – Поврзување и потенцијали“, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), коорганизатор на средбата.

Јирки Катаинен, потпретседател на Европската комисија(ЕК) рече дека со радост го очекува претстојниот самит на Западен Балкан во Трст, кога лидерите од регионот ќе ја потврдат својата желба да се движат кон единствен регионален економски простор. Тоа ќе даде резултати поврзано со геслото – едно место за инвестиции, еден регион, една економија, рече потпретседателот на ЕК.

Малите регионални економии можат да сторат многу, но не можат да ја променат големината на пазарот, изјави еден од главните воведничари, поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. Тој додаде дека Југоисточна Европа (ЈиЕ) не може пасивно да се однесува кон меѓународните економски промени и дека мора да ја засили својата конкурентност преку подобрувањето на логистиката и инфраструктурата.

Данило Турк поранешниот претседател на Словенија, се заложи за став на пошироко вмрежување, без да се ограничуваат земјите од регионот само на концептот на поврзување во ЈиЕ, туку и на соседните региони.

Економската интеграција на ЈиЕ е сигурен пат кон ЕУ. Економската соработка на стопанствата во ЈиЕ е императив за зголемување на инвестициите и конкурентноста на регионот, изјави Драгана Ѓурица, експерт за конкурентност на Регионалниот совет за соработка, организатор на панелот.

Сараевскиот бизнис форум кој се одржува осма година по ред, го следат и околу 350 домашни и странски новинари. Тоа е регионална инвестициска конференција, чија главна цел е да ги привлече странските инвеститори преку покажување на потенцијалите во Југоисточна Европа.

Бизнис форум Сараево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.