Published: Wednesday, May 31, 2017 12:42
Американскиот претседател Доналд Трамп ја смета Германија како на важен сојузник на САД и многу добро се согласува со канцеларката Ангела Меркел, соопшти Белата куќа.
-Тие многу добро се согласуваат. Тој многу ја почитува. Трамп на Германија не гледа само на Германија како важен сојузник на САД, туку и на останатиот дел од Европа, изјави портпаролот Шон Спајсер.
Спајсер ова го изјави откако Трамп ја критикуваше Германија поради големиот трговски суфицит со САД и малите издвојувања за војската.
– Имаме огромен трговски дефицит со Германија, плус тие плаќаат многу помалку отколку што треба за НАТО. Тое е многу лошо за САД и тоа ќе се промени, напиша Трамп на Твитер.
Претходно германската канцеларка изрази сомневање дека САД се доверлив партнер.




