Еден полицаец беше нападнат попладнево на платото пред црквата Нотр Дам во Париз. Полицаецот беше лесно ранет.
Напаѓачот носел чекан и два ножа и обидувајќи се да го нападне полицаецот викнал дека тоа го прави во име на Сирија. Не беа негови пронајдени соучесници. Тој очигледно нападот го испланирал сам. И тој беше лесно ранет од полицијата која пукаше во него. Тој е ранет во градите, пренесен во болница каде е констатирана тешка повреда.
Полицијата пукаше и го рани напаѓачот. Подоцна се откри дека станува збор за студент од Алжир кој делувал сам во име на Сирија а на полицијата по апсењето и рекол дека е “војник на калифатот” на Исламската држава.
Според полицијата во овој случај станува збор за нов феномен во терористичките напади:
“Од софистициран тероризам влегуваме во тероризам во кој било кој алат може да служи како оружје за напад”, изјави францускиот министер за внатрешни работи.
Франција е во вонредна состојба уште од 13 ноември 2015 година кога во терористички напад во Париза загинаа 130 лица.
Платотот на црквата Нотр Дам е еден од најпознатите туристички споменици во Париз посетен од 13 милиони туристи годишно. Црквата е исто така еден од приоритетите на париските безбедносни сили.




