Попладнево во Париз пред црквата Нотре Дам имало пукотници. Според француските медиуми, лице вооружено со чекан се обидело да нападне полицајци. Потоа лицето било совладано од полицијата која се наоѓала на тоа место.
Еден полицаец пукал кон лицето кое се обидело да нападне друг полицаец.
Француската телевизија тврди дека имало пукотници и тоа предизвикало паника кај граѓаните кои тука се наоѓале.
Човекот бил совладан и, според новинарот кој се наоѓа на самото место, тој е ранет и лежи на земја.
Полицијата побара од граѓаните да го избегнуваат овој кварт во центрарот на Париз.
Се очекуваат нови информации за настанот, дали станува збор за тероризам или друг вид насилство.
Франција е во вонредна состојба од 13 ноември 2015 година по терористичкиот напад во Париз во кој загинаа 130 лица.




