Попладнево во 18.30 часот Владата ќе ја одржи третата седница, информираа од службата за односи со јавност.
На денешната седница, како што е најавено ќе се расправа за штетите од невремето во поплавените подрачја во Порој.
„На денешната владина седница ќе расправа за преземање соодветни мерки и активности за заштита од настанатите штети во поплавените подрачја во Порој, Тетовско“, пишува во соопштението од Владата.