Стружани попладнево протестираа поради горењето на струшката депонија во изминативе два месеца.
Од граѓанската иницијатива „Доста“ која е организатор на протестот и на велат дека депонијата го загадува воздухот и го загрозува здравјето на жителите на Струга.
„Депонијата која се наоѓа во непосредна близина на Струга, претставува постојана закана за здравјето на жителите на Струга и околните места, со оглед на тоа што постојано гори. Надлежните мора да најдат некое решение за овој проблем“, велат граѓаните.