Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уметникот Чаловски со кураторски проект во Јапонија

0
By Нова ТВ on June 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 24, 2013 12:47

Во периодот од 18 -27 јуни, 2013 година, македонскиот уметник Јане Чаловски ќе има свое претставување во рамки на кураторскиот проект насловен “Godzilla and The Phoenix” во Токио (Јапонија). Проектот е организиран од страна на OuUnPo, а негови координатори се Пер Хитнер (Per Hüttner) и Самон Такахаши (Samon Takahashi).

Godzilla and The Phoenix е вториот од серијата настани организирани од OuUnPo во кој митските претстави на Годзила и Феникс се искористени како референтни точки за дијалог и истражувачки процес со локални партнери во Јапонија. Целта на проектот е искористување на локалното знаење во насока на здобивање на нови сознанија за врската меѓу обновувањето и креативноста. Претставите на Годзила и Феникс, освен што можат да се толкуваат како репрезенти на истокот и западот, повторното раѓање и деструкција, истовремено потенцираат дека секоја општествена промена се базира на различен поглед врз светот.

Во фокусот на секој настан е и прашањето за поврзаноста меѓу културното наследство и кризата, со цел да се истражат сличностите и разликите во однесувањето на луѓето кои, во различни земји, се соочуваат со ситуации на ре-обнова и најважно, како негативните ситуации можат да бидат искористени во насока на развој на нови идеи и идни решенија.

Првата сесија, организирана од страна на OuUnPo, беше одржана во Либан (во декември, 2012), а по случувањата во Јапонија групата ќе продолжи со натамошни истражувања во Шведска (мај, 2014) и Бразил (септември, 2014).

OuUnPo е група од уметници, куратори и истражувачи, меѓу кои и Чаловски, а која делува како мобилна лабораторија за ко-креација и споделување знаење преку нова уметничка продукција.

Проектот е инициран во соработка со Vision Forum, Global Art and the Museum од Карлсру (Karlsruhe, Германија) и Linköpings universitet од Шведска.

На 19 јуни во Францускиот културен центар во Токио, уметникот Јане Чаловски и архитектот Никола Николовски имаа свое претставување во рамки на овој проект кој беше насловен „Приближени раслојувања“.

Во рамки на презентацијата Чаловски се осврна на своето досегашно истражување насочено кон знаењата кои недостасуваат од Мастер Планот за Скопје на Кензо Танге претставено преку два негови уметнички проекти Мастер План (2008) и Опсесивна поставка (2010). Николовски пак, го претстави своето критичко истражување поврзано со две големи реконструкции на градот Скопје, едната после земјотресот 1963 година која се однесува на Мастер Планот на Танге, а втората со имплементација на прокетот „Скопје 2014“. Оваа презентација е и најава за соработката меѓу овие двајца автори под истијот наслов „Приближени раслојувања“.

Уметничката практика на Чаловски е насочена кон експериментални идеи често ситуирани во конкретна специфичност на нова културна и политичка географија адресирајќи ја нецеловитоста и недостигот од наративи и историја.

Објектите, цртежите, видеата и инсталациите на Чаловски често произлегуваат од неговото континуирано искуство во различни интернационални контексти и биле изложувани интернационално на индивидуални и групни изложби како Tate Britain (Лондон), Музејот на современа уметност (Скопје), The European Kunsthalle (Кeлн), Contemporary Art Center (Вилнус), Konshallen Brandts (Оденс), Kronika (Битом), Philadelphia Museum of Art, The Drawing Center (Њујорк) и други места. Тој исто така изложувал и на Манифеста 3 (Љубљана, 2000) и Манифеста 7 (Болзано, 2008).

Од 2004 година, заедно со Христина Иваноска, тој е ко-основач на уметничката и кураторска истражувачка платформа Проектен простор Прес ту егзит, во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.