Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори: Емануел Макрон вети и донесе политичко цунами

0
By Светлана Јовановска on June 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 12, 2017 11:10

Доколку идната недела во вториот круг се потврди резултатот од вчерашните парламентарни избори во Франција, новиот француски Парламент ќе има две третини нови и сосема непознати политичари.

Социјалистичката партија речиси исчезна од политичкиот пејсаж а во нешто подобра форма се десните Републиканци. Екстремната десница и радикалната левица исто така се “загубија” во новиот жолт бран на партијата на новиот француски претседател Емануел Макрон – “Републиката напред”.

Макрон вети и оствари. Движењето “Напред!” креирано пред една година сега е првата политичка сила во Франција со освоени 32 отсто од гласовите. А тоа е осум поени повеќе отколку резултатот на Макрон на првиот круг на претседателските избори на 23 април.

Републиканците, партијата на двајцата екс претседатели Саркози и Ширак, освоија 21,5 отсто а екстремистите на Марин Ле Пен 13 отсто. Со 10 отсто резултат, социјалистите, партијата на досегашниот претседател Франсоа Оланд, доживеа историски неуспех.

Првите проекции бројот на седишта во Асамблејата најавуваат дека од 577 места во 435 ќе седнат пратениците од Републиката напред. Републиканците, партијата на Никола Саркози и Жак Ширак, падна на 90 места, социјалистите на одвај 25 седишта, екстремната десница на Марин Ле Пен има одвај десетина пратеници, а радикалната левица на Жан-Лук Меланшон на 14 пратеници и 10 места за други мали партии.

Традиционалните француски политичари не го кријат утринава нивното огромно разочарување. Или, подобро речено – огорченоста. Еден од блиските соработници на Саркози утринава на едно францско радио изјави дека “му се повраќа” од гласачите кои го дале гласот на непознати лица, лица од граѓанскиот сектор.

Помеѓу новите француски пратеници ќе најдете претпиемачи, научници, математичари, адвокати, судии, спортисти, невладини организации, интелектуалци, професори…

Политичкиот земјотрес во Франција носи промени од досега невидена размери. Тоа значи дека во Парламентот ќе влезе цела војска нови пратеници без никакво политичко искуство.

А традиционалните партии ќе мораат да ги обвновуваат нивните политички куќи и програми од подрумот од покривот.

Ако вториот круг ги потврди овие резултати на 18 јуни, Макрон и неговите нови политичари ќе треба да го испорачаат ветеното.

Очекувањата на Французите се однесуваат на улогата на Франција во светот. Првите чекори на Макрон на светската сцена се охрабрувачки. Но пред него и новите пратеници стои уште многу работа.

Потешката задача се наоѓа дома. Републиката напред! ќе треба да ги победи скептицизмот и недовербата на оние кои не гласале за нив. А тоа се пред се оние Французи кои не успеале да се снајдат во новиот глобален свет, оние кои се дел од 10те отсто невработени. Според првите оценки, тоа се луѓето кои не излегле на гласање и оние кои не веруваат во промените на Макрон. Нивниот број е голем – над 50 отсто.

Емануел Макрон парламентарни избори Франција Републиката напред!
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.