По пауза од два месеца се врати на АТП турот и тоа на неговата омилена подлога, но кам-бекот не мина како што посакуваше. Роџер Федерер е елиминиран уште во првиот настап на турнирот во Штутгарт. Кобен за Швајцарецот во второто коло беше Томи Хас. Домашниот тенисер, 302 рекет во светот, во три сета го порази првиот носител со 2:6, 7:6, 6:4.
Федерер почна одлично и рутински го доби првиот сет. Вториот се решаваше низ тај-брејк што заврши на страна на 39 годишниот Германец што се одрази на психолошки план кај освојувачот на 18 гренслем титули. Моментот го искористи Хас и еден брејк во последниот сет му беше доволен и за конечна победа по околу два часа игра. Негов противник во третото коло ќе биде сонародникот Миша Зверев.