Афера го тресе тенисот: Освојувач на три АТП титули и член на топ 30 местел мечеви

Истрага што е актуелна и трае веќе година и пол опфаќа дури 135 тенисери кои се најдоа на листата на сомнителни дека лажирале исходи на мечевите. Меѓу нив и претставници на Франција, на САД, на Белгија, на Шпанија. Според германските медиуми „ЗДФ“ и „Ди Велт“, се чини дека истрагата води кон еден нивни репрезент со иницијали М.Х. а во скандалот со наместени натпревари се споменува и член на топ 30 на АТП листата кој има три турнирски победи во кариерата

Не знае да „дигне рачна“: Кирјос суспендиран на 16 недели и казнет со 25.000 долари

Контроверзниот тенисер беше казнет со 113.000 долари за напад врз судија на Мастерсот во Синсинати, но тоа не делуваше отрезнувачки по него и продолжи со испади на тениските терени. Последниот го имаше на Ју-Ес опен чии организатори ги обвини дека се корумпирани

Тенис во Квинс: Победнички кам-бек на Енди Мареј на АТП турот

Британецот заедно со Фелисијано Лопез славеа во дубл над Колумбијците Кабал и Фарах, први носители, со 7:6, 6:3. За поранешниот светски рекет број 1 ова беше прв настап по Австралија опен во јануари и операцијата на колкот

Завршен АТП Мастерс: Торино домаќин на престижниот турнир од 2021 до 2025 година

Натпреварите ќе се играат со салата „Пала Алпитур“ чиј капацитет изнесува 12.350 седишта. Објектот се користеше за време на зимските Олимписки игри во 2006 година, во него се играше завршницата на ланското СП во одбојка за мажи и беше дом на кошаркарите на Торино

Директорот на турнирот во Ешторил: Немаме пари за Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Ситуација, сепак, колку-толку ја амортизира со најавата дека учество во Ешторил го потврдија Стефанос Циципас и Кевин Андерсон кои се меѓу осумте најдобри на ранг листата. Турнирот од серијата 250 во Португалија ќе се одржи од 27 април до петти мај

Тенис: Ѓоковиќ без финале во Доха

Српскиот ас е елиминиран од Роберто Баутиста Агут со 6:3, 6:7, 4:6 кој, па, за титулата ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Италијанецот Чекинато и Чехот Бердих