Сеќавањето на Џејмс Гандолфини ќе биде одбележано со едноминутно гаснење на светлата на Бродвеј.
Актерот, познат со улогата на мафијашкиот бос Тони Сопрано во телевизиската серија “Сопранови”, почина на 51-годишна возраст од срцев удар на 19 јуни во Рим.
“Џејмс Гандолфини беше инзвонреден актер, кој го даваше максимумот во секоја улога и сето тоа совршено го делеше со публиката”, се вели во соопштението на Шарлот Сент Мартин, извршен директор на Бродвеј унија.
Гандолфини е номиниран за награда “Тони” во 2009 година за улогата во претставата “Богот на масакрот”. На Бродвеј имаше успешна кариера со учества во претставите “Трамвај желба” (1992) и “На кејот” (1995).
Светлата на Бродвеј ќе се изгаснат во спомен на Гандолфини во пресрет на неговиот погреб. Меморијалната служба ќе биде на 27 јуни во њујоршката катедрала “Сент Џон”.