НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која институција штедела, а која „аздисувала“?

0
By Сашка Цветковска on June 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниот извештај од серијата Индекс на рационалност кој го изработува Центарот за граѓански комуникации покажа дека институциите набавувале исти производи со различни цени, а од начинот на кој се спроведувале набавките не можело да се објасни зошто некои институции набавувале поскапо.

Анализирани се набавките на клупи, работни одела, тонери и работни чевли, како и услугите за дезинфекција и дератизација. Најголема разлика во цените е забележана кај набавките на работни одела.

Јавното претпријатие Камена река – М.Каменица ги купило најефтините одела по цена од 1.263 денари по парче, а најскапите одела ги платиле од ЈП Проаква Струга кои чинеле 4.956 денари по парче што претставува речиси 300 проценти повисока цена од најниската.

Работните чевли, кожни високи, се купувале по цена од 870 до 2596 денари со што највисоката цена платена за обувките е за 198% повисока од најниската. Ако Комуналец од Прилеп ги купиле најевтините обувки, Град Скопје ги набавил најскапите без да спроведе е-аукција, забележуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Жителите на општина Македонска каменица, пак, седат на најскапите клупи. Нивната служба ги набавила клупите по цена од 12.188 денари, додека најевтините чинеле 4.838 и ги набавила општина Ѓорче Петров.

Општина Велес не одговорила колку чинат клупите кои тие ги поставувале, додека општина Илинден одбила да одговори под изговор дека јавната набавка со пари на граѓаните е деловна тајна.

Во подготовката на овој извештај од Центарот за граѓански комуникации забележуваат дека многу од институциите не одговориле на поставените барања за цените по кои набавувале и не го испочитувале Законот за слободен пристап до информации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.